Изјава за НОВА ТВ на претседателот на НСДП, Тито Петковски:
Лидерот на опозциската НСДП, Тито Петковски, пак, за „Нова“ вели дека по долго време за прв пат видел голем страв кај премиерот.
– Тој со акцијата „Пуч“ и со обраќањето сакаше да ги пресретне „бомбите“ на Заев. Груевски вчера сакаше да се претстави како човек којшто владее со ситуацијата, меѓутоа неговото обраќање кон нацијата беше само крик на исплашен човек кој многу добро знае што сѐ направил. Полициската акција е сериозна закана кон Заев – тој да не ги објавува „бомбите“ за да не заврши во притвор, затоa и му го одземаа пасошoт, сакаа да го понижат. Tоа на Груевски нема да му успее, напротив со овој потег премиерот охрабри многу вистинољубиви луѓе да му се спротистават, смета Петковски.
Според него премиерот вчера практично признал дека опозицијата поседува сериозни компромитирачки материјали.