Тито Петковски, претседател на НСДП, став во врска со 27ми април
Во историјата на една нација постојат датуми кои по својата суштина и значење ќе (или треба да) останат во нејзината колективна меморија, по добро или зло. Еден од тие е и денешниов -27ми април.
На денешниов ден е роден еден од бардовите на македонската книжевна, литературна и драмска уметност, Горан Стефановски. Една од грандиозните фигури на македонската култура, рамо до рамо со Рацин и Конески и плејадата македонски творци од сите свери на културата.
Неговите „Диво месо“, „Лет во место“, „Дупло дно“, „Тетовирани души“ и многу други, ќе останат културно наследство за идните генерации.
Меѓутоа, пред само три години, на истиов датум (27ми април 2017) се случи најцрниот настан во поновата македонска историја. Политичката партија ВМРО-ДПМНЕ, непризнавајќи го новиот распоред на политичките сили, создаден по изборите (декември 2016г), се обиде да направи државен удар и да го спречи демократскиот развој на земјата.
Со невидено и дотогаш недоживеано насилатво и крвопролевање во македонското Собрание, ја посрамотија Македонија, сместувајќи ја на срамната страна од современата цивилизација.
Независно што против „злосторничкото здружение“ се покренати многу кривични постапки, тој срамен чин остави трајни последици врз демократскиот развој на македонското општество и политичкиот плурализам.