Петковски: На локалните избори ќе дадеме предност на квалитетните идеи

19 јули, 2021

Во рамки на подготовките за претстојните локални избори претседателот на НСДП, Тито Петковски вчера во Битола имаше работна средба со претседателите на општинските организации на партијата од петтата изборна единица.

На средбата раководствата на општинските организации ги изложија своите ставови и согледувања околу градењето на политички став за самостоен или коалициски настап на локалните избори.

Од страна на претседателот Петковски беше нагласено дека НСДП на овие локални избори треба да пристапи како политичка партија која е отворена и за поединци кои не се нејзини членови.

„Да испратиме порака до нашите сограѓани дека даваме шанса и предност на квалитетните идеи, проекти и програми, а не на партиската профилираност. Унапредувањето на квалитетот на животот во општините може да добие импулс и надвор од политичките партии, затоа да ја искористиме можноста која ни ја дава и статутот на партијата, да ги мотивираме и мобилизираме луѓето кои не гравитираат кон политичките партии да се вклучат во изборниот процес и своите лични капацитети да ги стават во функција на развој на локалните заедници“, порача пред општинските раководства претседателот Петковски.

НАШИ ПРИОРИТЕТИ

И трудот е капитал

Вработување

Енергетика

Земјоделство