Петковски: Да не гледаме низ етничка и партиска призма на локалните избори

25 јуни, 2021

Во рамки на подготовките за претстојните локални избори, претседателот на НСДП Тито Петковски вчера во Тетово имаше работна средба со претседателите на општинските организации на партијата од шестата изборна единица.

Претседателот Петковски истакна дека во пресрет на локалните избори НСДП се отвора и кон граѓаните кои немаат партиски афинитети и се насочува кон мобилизирање на сите граѓани кои имаат идеи за унапредување на квалитетот на животот во општините.

„Да дадеме можност и на оние кои не се партиски определени, на тој начин не само што граѓаните ќе имаат шанса да гласаат за градоначалници или членови на советите кои имаат квалитетни програми, туку ќе се надмине и уште една лоша пракса во раководењето на општините, односно ќе се направи директен политички исчекор кон дискредитирање на мерит системот на локално ниво врз основа на етничка припадност. Водењето на кадровска политика по основ на селективна етничка фаворизација го отежнува пристапот до локалните институции на поединците кои не гравитираат кон етнички профилирани политичка партии“, рече Петковски.

Претседателот на НСДП пред сопартијците порача дека давањето шанса на неопределените политички да ги артикулираат своите идеи, знаење и визии, ќе ја релативизира етничката и чисто партиската призма низ која партиите, а и граѓаните, гледаат на локалните избори.

СЛУЖБА ЗА ОДНОСИ СО ЈАВНОСТ НА НСДП

НАШИ ПРИОРИТЕТИ

И трудот е капитал

Вработување

Енергетика

Земјоделство