Опасна националистичка игра на Груевски и Ахмети

16 април, 2014

Соопштение за медиумите и јавноста:

nsdp-logo1

НСДП е уверена дека националистичката игра во која ВМРО ДПМНЕ и ДУИ се повеќе се вплеткуваат може да биде трагична за Македонија и да не врати во конфликтната 2001 година. Говорите на нагласен национализам и омраза кои лидерите на двете политички партии ги пласираат во своите кампањи веќе резултираат со тепачки и насилство меѓу младите од двете етнички заедници. И додека меѓуетничката нетолеранција се повеќе се разгорува Никола Груевски и Али Ахмети сложно работат за задржување на власта по секоја цена. Тие најотворено повикуваат на максималистички мандати во Парламентот за да не бидат уценувани едни од други. На ВМРО ДПМНЕ му требало 62, а на ДУИ 25 пратеници.

За каква уцена говори Груевски. Па ВМРО ДПМНЕ имаше дури 64 пратеници кога ги амнестираше хашките случаи, кога во Собраниските комисии се воведе двојазчноста, кога ги промени имињата на повеќе училишта со имиња на албански борци на УЧК и тн. Очигледно на ред се други отстапки кои ќе следат веднаш по изборите без разлика на тоа колку пратеици ќе освојат едните и другите. Ним опозиција во Парлементот им треба само за нивните одлуки да можат да добијат легитимитет.

Оттаму опозицијата има само две опции или да ја бојкотира таквата власт и да ги остави самите да сносат одговорност за судбината на Македонија, или да ги победи нивните политики на избори.

НСДП во овој момент смета дека со масовна излезност на граѓаните кои и даваат подршка на опозицијата и опозицискиот претседателски кандидат на изборите, поголема и од онаа што власта на сила ја обезбедува, можеме да ја спасиме Македонија

НАШИ ПРИОРИТЕТИ

И трудот е капитал

Вработување

Енергетика

Земјоделство