Соопштение за медиумите и јавноста:
НСДП одамна укажува на криминогениот карактер на владеење на оваа власт, а сега конечно на виделина излегоа доволно силни докази што го потврдуваат тоа. Токму поради тоа веројатно се видливи и „загриженоста како и внатрешниот немир кај Груевски од можноста ваквите тврдења да бидат прифатени макар и од дел од неговата потесна или поширока средина“.
Никола Груевски и неговите најблиски соработници се обвинети за криминал и граѓаните треба да го имаат предвид тоа кога ќе одат да гласаат во недела. Сега имаат историска шанса да спречат Македонија и натаму да ја води човек кој веднаш по изборите ќе биде предмет на кривично гонење. Соочен со можноста да заврши во затвор тој сега е подготвен на секаков вид сценарија кои Македонија можат да ја турнат во меѓуетнички конфликт, диктатура и фашизам.
Неговиот и кредибилитетот на неговите најблиски соработници сериозно е нарушен без разлика на исходот на овие избори. Оттаму коруптивното владеење не може и не смее да остане неказнето и покриено со самиот чин на иазборите. Изборите ќе бидат само почеток на падот на ова власт. Токму затоа НСДП ги повикува граѓаните да преминат на страната на правдата и да не им дозволат на овие криминални структури да се збогатуваат на нивна сметка и да ја упропастуваат државата со уште еден мандат.
Пасивноста и држењето на страна граѓаните неминовно ќе ги направи соучесници, а со тоа и одговорни за иднината на Македонија и за идните поколенија.
Доколку Груевски, Јанкуловска и другите од водството на ВМРО ДПМНЕ се убедени дека се невини нека ги депонираат пасошите кај нотар како гаранција дека уште во понеделник нема да побегнат од Македонија“.