НСДП СО НОВОГОДИШНА ЧЕСТИТКА ДО ГРАЃАНИТЕ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

26 декември, 2018

Почитувани сограѓани, позади нас останува една година во која заедно го направивме најзначајниот историски исчекор за Република Македонија, ја прифативме подадената рака на напредните западни демократии да бидеме дел од нивното општество и заеднички да градиме економски можности за подобар живот на идните генерации.

nsdpnewyear2019

Овие перспективи кои се отворија пред нашата земја бараат како општество политички да созрееме, поделбите и тесните интереси да ги надминеме, а силите да ги обединиме.

И наредната година како политичка партија го прифаќаме императивот чесно и одговорно да продолжиме во вложувањето во иднината на идните генрации,  Европа да стане наш дом, а европските стандарди наше секојдневие.

Во новата 2019 година да бидеме единствени во  определбите Македонија да е земја на демократијата, владеењето на правото, економскиот напредок и социјалната благосостојба.

НСДП Ви ја честита Новата Година, со желби за бериќетна и успешна 2019 година.

НАШИ ПРИОРИТЕТИ

И трудот е капитал

Вработување

Енергетика

Земјоделство