НСДП:  Резултатите од пописот да бидат основа за просперитетот на државата, а не за будење на национализмот

1 април, 2022

По цели две децении од безуспешни обиди за спроведување на најзначајната и најобемната статистичка операција во една држава, конечно имаме политичка гарнитура која демонстрираше искрена волја и капацитет да ја реализира пописната операција. Наместо честитки за успешно спроведениот попис, политичките партии на кои национализмот им е единствената перспектива на проектирање на иднината на државата, започнаа операција на „пребројување“ по етничка основа.

За ниту една политичка партија, во држава која е членка на НАТО и пред портите на ЕУ, треба да бидат неприфатливи „пребројувања“ кои ќе бидат ставени во функција на зголемување на меѓуетнички тензии.

Имајќи во предвид дека пописот се спроведе согласно највисоките европски стандарди, а и под непосреден мониторинг на експерти ангажирани од ЕУ, НСДП е на ставот дека сите одговорни политички субјекти во државата, резултатите од пописот треба да ги прифатат како статистички показатели за реалните  трендови и истите да бидат основа во креирањето на програмски определби за тоа во кои насоки државата треба да го проектира својот развој.

Демографските движења во и вон државата, нерамномерниот економски развој, човечкиот потенцијал со кои располагаме, работната сила, нејзината квалификуваност, се дел од темите и прашања кои имаат легитимитет за јавна дебата помеѓу политичките партии во периодот кој следува непосредно по завршениот попис. Етнички оптеретените „пребројувања“ не водат кон одговорни политики кои на граѓаните ќе им понудат конкретни и реални правци на развој на државата, кои ќе значат благосостојба и просперитет.

НАШИ ПРИОРИТЕТИ

И трудот е капитал

Вработување

Енергетика

Земјоделство