НСДП Прилеп најостро го осудува обидот на директорот на гимназијата Мирче Ацев г- дин Кирил Николоски за инволвирање на младите и искористување во политички цели

19 март, 2017

Соопштение за јавноста и медиумите:

nsdp-logo1

Општинската организација НСДП Прилеп најостро го осудува обидот на директорот на гимназијата Мирче Ацев г- дин Кирил Николоски за инволвирање на младите и искористување во политички цели преку поттикнување на учениците на бојкот на наставата, со што истовремено се врши и грубо кршење на законот.
Целта на образованието е да го унапредува знаењето и да ја промовира вистината. Г дине Николоски, Вие и наставните работници како носители на воспитно образовниот процес во РМ ја имате клучната улога во градењето на интелектуалниот, емоционалниот и социјалниот развој на учениците, во промовирањето на културните вредности и норми на општеството. Согласно ова г дине Николоски за едно современо општество неприфатливо е да вршите директен партиски притисок врз образовна институција која што треба да едуцира општествено одговорни индивидуи, а не партиски послушници на ВМРО ДПМНЕ.
Г дине Николоски бидете одговорен пред себе си и пред сите поднесете оставка, Да си дадеш оставка е правилниот пат но, ти не го бираш тој затоа што е проклето тежок патот на принципите кои го градат карактерот. Отсуството на одговорност при грубо кршење на законите во вршењето на функцијата Директор говори за тоа дека вие сте исплашен должник на партијата си ја одработувате вашата функција одработувате за партијата ВМРО-ДПМНЕ. Тоа е и начинот од вашата партија да се стане Директор но, Г дине Николоски тоа е и начинот за уништување на сопствениот интегритет и начинот за сопствен срам.
Вие сте роб на партијата, парите, и функцијата никогаш слободен.
Г дине Николоски младите се учат на интегритет, храброст тоа е прогресивна младина за тоа служи образованието. Погрешно образована младина е изгубена младина.

Градоначалник Марјан Ристески, иднината на младите е и ваша одговорност!!!! Наместо да ја заштитите вие ја уништувате, го уништувате образованието, ја уништувате функцијата директор ја уништувате институцијата, уништувате се, за да си ја купите сопствената иднина вашата одговорност е да го разрешите директорот на прилепската гимназија, така се гради држава така се гради современо нормално општество така се гради институционална одговорност. Покажете дека законите важат подеднакво за сите разрешете го Директорот веднаш!!!!

НАШИ ПРИОРИТЕТИ

И трудот е капитал

Вработување

Енергетика

Земјоделство