Денес кога Владата предводена од Мицкоски, како влада на капиталот, не покажува интерес за зголемување на платите – особено на минималната плата – работниците се соочуваат со сериозни економски притисоци. Скапите производи и високите цени на енергенсите го отежнуваат секојдневието, а институциите стојат на страна.

За НСДП, само задоволни работници можат да бидат успешни, мотивирани и да придонесат за напредок и просперитет на државата. Затоа, секој работник треба да има фер третман од работодавачот, да се чувствува безбедно, сигурно и заштитено на работното место, да има достоинствени услови за работа, а неговиот труд да биде соодветно вреднуван.
Економските и социјалните прашања не смеат да бидат оставени на маргините на националните политики. Положбата, стандардот и правата на работниците се ранлив сегмент кој бара постојана мобилизација на социјалните државни механизми за нивна заштита.
Веруваме дека сите економски и социјални потешкотии со кои се соочуваат работниците треба да бидат дополнителен мотив за мобилизација на политичката енергија во Северна Македонија, насочена кон посилна институционална заштита и унапредување на положбата и статусот на работникот и неговиот труд.
НСДП продолжува да се бори за зајакнување на социјалната држава, социјалната и економската инклузија, за унапредување на правата, стандардот и положбата на работникот, како и за вистинско заживување на социјалниот дијалог и синдикалното организирање.
Наша задача е да продолжиме да ги поддржуваме заложбите на синдикалните организации, да помогнеме во унапредување на стандардите и условите за работа, со цел сите работници да имаат праведни и еднакви можности за професионален развој.
За НСДП остануваат императиви хуманиот пристап кон работникот и вреднувањето на неговиот труд како неизоставен дел од создавањето на економската вредност во државата.
Економско-социјалниот дијалог не функционира, работодавачите не ги покачуваат платите, работниците се оставени сами на себе, додека синдикалните лидери се изложени на дискредитација преку црни кампањи.
НСДП останува цврсто на своите програмски определби – за заштита на трудот и заштита на обичниот работник, кој често со минимална плата обезбедува основна егзистенција. Растот на платите мора да продолжи, затоа што среќни и задоволни работници значат поголема продуктивност и повисок економски раст.
Силно го поддржуваме правото на протест и штрајк, како и потребата од создавање подобри услови за работа и безбедна работна средина, за да се заштитат животите и достоинството на работниците.
И ТРУДОТ Е КАПИТАЛ!





