НСДП на сите граѓани на Република Македонија им го честита 1 Мај – Меѓународениот ден на трудот, изразувајќи надеж дека со демократските промени кои започнаа во државата и трудот на работникот ќе го добие заслуженото вреднување и уважување.
Освен демократските вредности, слободата и граѓанските права, веќе десет години и трудот на работникот континуирано се обезверднува, достоинството се погазува, социјалниот дијалог речи си и да не постои, а формите на синдикално организирање политички се инструментализирани од страна на власта, за на крајот сето тоа да резултира во поткопување и на социјалните темели на државата.
Веруваме дека започнатите процеси на будење на демократскиот и граѓански дух не само што ќе го испратат во историја авторитарниот систем на актуелната политичка клика на ВМРО-ДПМНЕ, туку на работникот повторно ќе му го вратат достоинството, чувството за социјална правда и соодветен надомест за вложениот труд, како и повторно актуелизирање на потребата за политички независно синдикално организирање за заштита на своите неотуѓиви права и слободи.