Соопштение за медиумите и јавноста:
Зошто Груевски воопшто распишуваше избори? Најголемиот лажен патриот побара да има 62 пратеници за ДУИ да не го уценува, но Груевски се уште не кажал какви уцени добивал од својот партнер Ахмети, колку од нив досега реализирал, а колку допрва има намера да исполни?
Груевски барајќи поддршка од граѓаните за апсолутно мнозинство во Собранието, помисли дека е време ДУИ да ги откачи од владата и тендерите повеќе да не ги дели со Али Ахмети, туку распределбата да се прави со партиските другари и послушници на Груевски.
Но, очигледно заедничките интереси кои не се нималку патриотски надвладеаја и овие партии повторно се здружија. Ги заборави ДУИ Албанците и албанските интереси, а ВМРО ДПМНЕ веќе не се ни сеќава зошто и од каде им е името на партијата. Ним во овој момент најважен им е личниот паричен интерес. Не им е важно што народот го скараа до степен на поделби по сите основи. Раководени од национализмот ги поттикнуваа своите граѓани на масовни тепачки, на упади во куќите каде живеат и на други форми на насилство што граѓаните ги тера на иселување од своите домови. Полицијата наместо да интервенира и да ги смирува овие инциденти ги нарекува сообраќајни незгоди.
НСДП констатира дека опозицијата постојано укажувала на последиците на нивниот начин на владеење.
Но, таа секогаш беше надгласувана во Парламентот и беше обвинувана дека прави опструкции. Од тие причини партите од опозицијата овој пат нема да бидат дел од танцот на Ахмети и Груевски. Нека играат самите и самите нека ги носат последиците од својата игра.