НСДП, заедно со политичките партии од коалицијата дава силна поддршка на Манифестот на лидерите на политичките партии застапени во Собранието, а во врска со водењето преговори за полноправно членство во ЕУ.
–
Овој Манифест е на линија на политиките на СДСМ, НСДП и останатите коалициони партнери тој е добра основа за градење единство околу иднината на земјата и со него Собранието дефинира рамки на позиции по кои мора да постапуваат сите надлежни институции во преговорите со ЕУ.
Затоа, време е за обединување на сите политички лидери, преку потпишување на заеднички Манифест со кој сите заедно ќе се обврзат за ефикасно водење на преговорите за пристапување во ЕУ.
Иницијатори на Манифестот се политичките партии:
Социјалдемократски сојуз на Македонија (СДСМ),
Демократската Унија за Интеграција, (ДУИ),
Алијанса за Албанците (АА),
Либерално-демократска партија (ЛДП),
Нова социјал-демократска партија (НСДП),
Демократска Партија на Албанците (ДПА)
Партија за движење на Турците (ТХП),
Демократска партија на Турците во Македонија (ТДП),
Демократска обнова на Македонија (ДОМ),
ВМРО- Народна партија (ВМРО-НП),
Партија на пензионерите (ПП),
Српска странка во Македонија.
Манифестот останува отворен за широка општествена подршка.