НСДП изразува сериозна загриженост поради предлогот Гоце Наумовски, актуелен надворешен советник на премиерот Мицкоски да биде избран за нов уставен судија

13 февруари, 2026
НСДП изразува сериозна загриженост поради најавата дека Гоце Наумовски, актуелен надворешен советник на премиерот Христијан Мицкоски за правни прашања, ќе биде предложен за нов уставен судија!
Предлогот лице од кабинетот на премиерот да биде избрано во највисоката судска институција во државата отвора сериозни дилеми околу принципот на поделба на власта и независноста на судството.
Дополнително, јавноста има право да знае дека станува збор за брат на поранешен висок функционер на ВМРО, што дополнително ја засилува перцепцијата за политичко влијание и кадровско позиционирање по партиска линија.
Во изминатиот период сведочиме на низа потези со кои власта врши директно или индиректно влијание врз правосудниот систем – од промени во обвинителството, до избори во Судскиот совет и носење законски решенија кои се во спротивност со европските препораки.
НСДП предупредува дека ваквите чекори претставуваат опасен преседан и водат кон системска партизација на институциите. Наместо професионализација и јакнење на интегритетот на судството, се создава впечаток на концентрирање на моќта и ставање под контрола на клучните правосудни органи.
Независното судство е темел на правната држава и предуслов за европска иднина на Република Северна Македонија. Секој обид за негово политичко потчинување значи директен удар врз демократијата.
НСДП ќе продолжи гласно да се спротивставува на сите обиди за партиска доминација врз правосудството и ќе инсистира на транспарентни, професионални и европски стандарди при изборот на носители на највисоките правосудни функции.

НАШИ ПРИОРИТЕТИ

И трудот е капитал

Вработување

Енергетика

Земјоделство