НСДП ги повикува своите членови и симпатизери и сите граѓани на општина Центар во недела на 26 април да излезат на рефендум и да гласаат за зачувување на автентичноста на ГТЦ

23 април, 2015

Соопштение за медиумите и јавноста:

gtc1

Нова социјалдемократска партија (НСДП) ги повикува своите членови и симпатизери и сите граѓани на општина Центар во недела на 26 април да излезат на рефендум и да гласаат за зачувување на автентичноста на ГТЦ, како симбол на Скопје.
Овој рефендум, како уставна и демократска алатка за изразување на волјата на граѓаните не е само можност за артикулирање на ставот на жителите на Центар, за тоа каков изглед би сакале да има ГТЦ, туку  во овој политички момент е повеќе од тоа. Тој претставува силно кренат глас против овој недемократски режим, кој не го нагрди и не направи пародија само од Скопје, туку и од нашето општество и од нашите животи.
Успешниот референдум ќе испрати силна порака до Груевски дека времето за неговото заминување и заминувањето на неговата врхушка е дојдено, истовремено изразувајќи политичка волја за промена кон подобра и посреќна иднина на ѓраѓаните на Република Македонија во едно  нормално и демократско општество.

НАШИ ПРИОРИТЕТИ

И трудот е капитал

Вработување

Енергетика

Земјоделство