НСДП е самостоен политички субјект и продолжува да опстојува како таков

14 октомври, 2014

Соопштение за медиумите и јавноста:

nsdp-logo1

Во врска со медиумските напади на некои провладини новинари-слуги на Груевски кон НСДП, сакаме да ја информираме јавноста дека ВМРО-ДПМНЕ обидувајки се да го дефокусира вниманието од катастрофалниот Извештај на Европската комисија, прво апсеше судии, па создаде паника во јавноста од непостоечка ебола, па преку контролираните медиуми од власта продолжува со пласирање на невистини за криза во опозиционата коалиција и некакво припојување на НСДП кон СДСМ.

Сакаме јасно и недвосмислено да им ставиме до знаење на душегрижниците, дека НСДП е самостоен политички субјект и дека продолжува да опстојува како таков. Исто така остануваме рамноправен партнер во опозиционата коалиција рамо до рамо со останатите партии во борбата против инсталираниот режим во Македонија од страна на Груевски и ВМРО-ДПМНЕ.

НАШИ ПРИОРИТЕТИ

И трудот е капитал

Вработување

Енергетика

Земјоделство