Економските потешкотии со кои се соочува светската економија, а од кои не е одмината и нашата држава, создаваат ризици по положбата, статусот и стандардот на работниците. Во овие околности, потребата од изразување на работничка солидарност станува незаобиколна и императивна во борбата за зачувување на секое работно место, зачувување на достоинството на работникот и стандардот на неговото семејство.
НСДП ја реафирмира својата цврста политичка волја и посветеност за унапредување на работничките права во државата, за солидарност со граѓаните кои живеат од својот труд, за институционална заштита на правата, стандардот и положбата на работникот, со поддршка на сите форми на синдикакално организирање и трипартитниот социјален дијалог. Како одговорна партија продолжуваме да се бориме за економски политики кои ќе обезбедуваат нови работни места, повисоки плати и подобри услови на работното место.
НСДП на сите граѓани на Република Северна Македонија им го честита 1 Мај- Меѓународниот ден на трудот и изразува почит кон вредноста која трудот на работникот ја создава и неговото достоинство.