29 јануари, 2026

На првата седница во 2026 година, градоначалникот и мнозинството на ДПМНЕ и ЗНАМ изгласаа брутални поскапувања на јавните услуги:
Градинки – зголемување на цените за околу 30%
Комуналец (ѓубре, услуги) – поскапување до 30%
Пазари – зголемени давачки
Паркинзи – поскапувања од 50%, па сè до 100%, укинување на поволности и блок-часови
Без економска анализа. Без социјална проценка. Без слух за реалниот живот на граѓаните.
Јавните претпријатија и директорите самите признаваат дека животот на граѓаните веќе е поскапен – а власта бара уште повеќе!
Неспособноста се покрива со пари од џебот на народот.
Ветувања немаше, сметки – има!
Граѓаните не се банкомат за лошо владеење!
Битола заслужува одговорна, а не алчна власт.





