НСДП Битола, најостро го осудува самоволието на градоначаникот на Битола Коњановски

20 октомври, 2023

Соопштение за медиумите и јавноста:

Почитувани,

Општинската организација на Нова Социјалдемократска Партија од Битола,
најостро го осудува самоволието на градоначаникот на Општина Битола Тони
Коњановски и секретарот на општината Борче Димитровски, кои преку своите позиции
во општината побарале измени во договорот за грант со Европската Унија, без
консултација со Советот на општината за Проект за развој на туристичкиот потенцијал
и промоција на културното наследство „Smart4you2“ на европската комисија.
Сметаме дека секоја планирана активност на градоначалникот, преточена во
конкретен предлог преку општинската администрација, мора најпрво да ги помине
сите соодветни комисии формирани од Советот на Единицата на локалната
самоуправа, во случајот Општина Битола.
Прашуваме по кој законски пропис, а да не биде прекршен, се побарала измена
на Договорот, со предлог реконструкцијата на зградата „Парк“ со вкупна вредност од
399.765,92 евра да се замени со нова активност, односно изградба на систем на
велосипедски патеки во Битола со вкупна вредност на горенаведениот износ, а
трошоците кои би ја надминале оваа сума би ги финансиирала Општина Битола?
Се сомневаме дека во дејствијата на градоначалникот и секретарот на општина
Битола е направено по едно кривично дело „Злоупотреба на службената положба и
овластување“ и „Измама на штета на средствата на Европската Унија“ од Кривичниот
законик.
Затоа Општинската организација на НСДП – Битола бара да се расчисти
случајот која ја загрозува репутацијата на градот Битола и да се утврди дали има
одговорност кај градоначалникот и секретарот.

Со почит,

Општинска организација на НСДП – Битола

НАШИ ПРИОРИТЕТИ

И трудот е капитал

Вработување

Енергетика

Земјоделство