НСДП бара сите инволвирани функционери на ВМРО-ДПМНЕ во случајот со Тамара да си поднесат неотповикливи оставки

11 февруари, 2015

Соопштение за медиумите и јавноста:

nsdp-logo1

Почитувани,

Зачудени сме како, министерот за здравство од ВМРО-ДПМНЕ, Никола Тодоров, директорката на Клиниката за детски болести од ВМРО-ДПМНЕ, Аспазија Софијанова, мајката на министерот за надворешни работи од ВМРО-ДПМНЕ, Никола Поповски, Анастасика Поповска, претседателка на Второстепената комисија и директорката на ФЗО, Маја Парнаџиева-Змејкова, сеуште ги извршуваат функциите после големата трагедија со малата Тамара, која ја потресе целокупната македонска јавност.

Обидите за затскривање на одговорноста позади бирократски процедури не ги амнестираат од одговорност партиските функционери на ВМРО-ДПМНЕ, кои што во континуитет го уништуваат здравствениот систем на Република Македонија.

За ВМРО-ДПМНЕ поважни и повредни се панорамските тркала, врбите и бродовите во Вардар, прескапите споменици и капии, барокни фасади, отколку животот на едно мало дете, кое можеше да се спаси доколку имаа волја да се откажат од нивните привилегии и забегани проекти.

НСДП бара сите инволвирани функционери на ВМРО-ДПМНЕ во овој случај да си поднесат неотповикливи оставки, затоа што животот на едно дете е поважен од партиските фотељи.

Со почит,

НАШИ ПРИОРИТЕТИ

И трудот е капитал

Вработување

Енергетика

Земјоделство