НСДП БАРА ОПОЗИЦИЈАТА ДА ПРЕДЛОЖИ ДРУГ МИНИСТЕР ЗА ВНАТРЕШНИ РАБОТИ ВО ТЕХНИЧКАТА ВЛАДА

30 декември, 2019

Изјава за медиумите и јавноста,
Соња Мираковска, потпретседател на НСДП и пратеник во Собранието

Во врска со предлогот на ВМРО-ДПМНЕ, функцијата технички министер за внатрешни работи да ја преземе воено лице, сакаме да го соопштиме следниот став:

Прво, не постои ниту едно правно толкување според кое изричната уставна одредба дефинирана во член 97 може да се избегне. Дискусијата за наводни преседани е неодржлива, несериозна и го доведува во прашање уставниот поредок на Република Северна Македонија.

Второ, инсистирањето воено лице да раководи со МВР ќе ја засили перцепцијата на јавноста дека Христијан Мицкоски е уплашен од изборните резултати и не сака соочување со гласачите на 12 април. Имаа предлог за брзи избори во декември Мицкоски го одби со образложение дека роковите за техничката Влада не смеат да бидат покуси од 100 дена. Токму заради тоа беше договорен 12 април. Сега ВМРО-ДПМНЕ нека си го одржи зборот.

Трето, пратениците на НСДП нема да гласаат за евентуалниот предлог армиски полковник да биде на чело на МВР. Не навлегувајќи во биографијата на Драган Ковачки, сметаме дека е недозволиво оној кој ќе има обврска да го штити уставот, законите и безбедноста во наредните 100 дена до изборите, да биде изгласан со кршење на уставот.

Апелираме до опозицијата да не се обидува да ја држи земјата во заложништво. Знаеме дека вистинската кадровска политика се крои од Будимпешта, но се надеваме дека во ВМРО-ДПМНЕ се уште има сила и разум да го разубеди Мицкоски во неговите намери да ги опструира изборите. Граѓаните се уморни од блокадите и сопките на ВМРО-ДПМНЕ. Ги повикуваме да предложат ново решение, кадар кои ги исполнува уставните критериуми и утврдените принципи за да се одржат изборите на 12 април.

НАШИ ПРИОРИТЕТИ

И трудот е капитал

Вработување

Енергетика

Земјоделство