31 март, 2026
Најновите информации дека УЈП бара од студентите да пријавуваат и да плаќаат данок на средствата заработени преку програмата Work&Travel се скандалозни и понижувачки за младите во Македонија.

Станува збор за студенти кои не одат во странство од луксуз, туку од мака. Поради нискиот студентски стандард, скапите трошоци за живот и фактот што голем дел од нив доаѓаат од семејства на работници со минимална плата, тие се принудени сами да се борат за своето образование.
Работат во Германија и други земји за да обезбедат школарина, книги и основни услови за студентски живот.
Наместо поддршка, дали државата им испраќа даночни пријави за нови давачки – иако тие приходи веќе биле оданочени?
Власта на Мицкоски очигледно решила да полни буџет и преку грбот на оние кои најмалку имаат.
До толку ли е празна државната каса, па сега ќе се посегне и по парите што студентите ги заработиле со пот и мака далеку од дома?
Ова ли се ветените младински политики?
Ова ли е грижата за студентите?
Наместо реална поддршка, власта повторно нуди празни приказни, симболични мерки и евтини трикови – додека младите се принудени да заминуваат во странство за да преживеат.
НСДМ смета дека Македонија не смее да стане држава која парично ги “казнува” студентите затоа што работеле за да студираат. Владата е должна да предлага политики што ќе овозможат достоинствен студентски живот и студентите треба да бидат ослободени од вакви давачки.
Младите не се банкомат на власта!
Удирањето по џебот на студентите не е решение за полнење на празниот буџет!





