НОВОГОДИШНА ЧЕСТИТКА ОД ВЛАДАТА – ПОСКАПУВАЊЕ НА ПАРНОТО!

24 ноември, 2026
Власта повторно удира по џебот на граѓаните! Парното поскапува, а Владата нема конкретна реакција ниту мерки со кои ќе ги заштити домаќинствата од новиот ценовен удар. Наместо поддршка, граѓаните добиваат нови трошоци како новогодишна честитка од власта!
Нели имавме Министерство за енергетика и министерка која најавуваше енергетски бум? Каде е тој бум кога граѓаните добиваат само нови поскапувања?
Платите не го следат растот на трошоците за живот, минималната плата не ги покрива основните потреби, синдикалната потрошувачка кошничка расте, а сиромаштијата сè повеќе се продлабочува.
Работниците едвај преживуваат, пензионерите едвај го поминуваат месецот, а ранливите категории се оставени без соодветна помош.
Наместо да ја подобрува економската состојба, Владата со своето непостапување дополнително го загрозува животниот стандард на граѓаните.
До кога Владата ќе молчи и ќе гледа како граѓаните сè потешко преживуваат?
На граѓаните не им требаат празни ветувања за енергетски бум, туку конкретна помош, заштита од поскапувања и достоинствен живот!

НАШИ ПРИОРИТЕТИ

И трудот е капитал

Вработување

Енергетика

Земјоделство