НСДП НАЈСТРОГО ГО ОСУДУВА ДИВЕЕЊЕТО НА ПРАТЕНИЦИТЕ НА ЛЕВИЦА, АПАСИЕВ И КРМОВ ВО СОБРАНИЕТО НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА

20 ноември, 2023

НСДП – Нова социјалдемократска партија најостро го осудува дивеењето на пратениците на Левица, Димитар Апасиев и Борислав Крмов во Собранието на Република Северна Македонија!


Нападот врз институцијата Собрание, нападот врз потпретседателот Горан Мисовски, генералната секретарка Цветанка Иванова е неприфатлив начин на однесување во парламентарните демократии.

За уништувањето на државниот имот и попречувањето на нормалното функционирање на Собранието одговорност согласно закон мора да има.

Нема да дозволиме деструктивци и вандали да го попречат европскиот пат на нашата држава.

Со овие девијантни постапувања пратениците на Левица го покажаа вистинското лице и нивната политика да одработуваат за интереси на трети држави, а против европскиот пат на државата.

Граѓаните силно треба да ја отфрлат ваквата политика која не води кон прогрес, туку кон хаос и безредие.

 

НАШИ ПРИОРИТЕТИ

И трудот е капитал

Вработување

Енергетика

Земјоделство