НА ГРУЕВСКИ НЕ МУ Е ПРОБЛЕМ АЛБАНСКАТА ПЛАТФОРМА ТУКУ СЈО

3 март, 2017

Соопштение за јавноста и медиумите:

nsdp-logo1

Пред повеќе од 8 години, на 19 ноември 2009 година, Никола Груевски упати отворено писмо до македонската јавност во кое, покрај другото,  ја упати и следната порака: „Време е да ја почнеме последната битка со остатокот на транзицијата и нејзините политичари. Време е за последната битка со политичарите кои зад себе оставија пустош и беда и кои во нашата држава ги донесоа малодушноста, криминалот, лагата и искривените вредности. Време е да ги спречиме нивните обиди повторно да ги земат под заложништво македонските граѓани и нашата татковина. Во претходните политички циклуси тие беа поразени, но не исчезнаа“ (да ги снема, што би рекла Јанкулоска).

Шовинистичката содржина на оваа порака повторно ја воскресна откако се соочи со реалноста дека политичките процеси по 11 декември 2016 година во Македонија водат кон возобновување на правната држава и санкционирање на криминалот и корупцијата. Во својот политички зенит, повторно ги пласира идеите за поделба и пресметка со сите кои не мисалат како него и не замижуваат пред криминалот кој го има направено. Додека во 2009 година, пораката ја испрати со потпис на својата партија, сега истата таа ја „спакува“ преку т.н. граѓанско движење „За заедничка Македонија“, кое листата на непријателите на Македонија сега ја прошири и со Албанците.

Кога преговараше со ДУИ, далеку од очите на јавноста, „Индијанците“ не беа проблемот на Македонија, закана за нејзиниот опстанок, па повиците за излегување на „браникот на татковината“ беа фино спакуван и чувани во „Пандорината кутија“ во белата палата на ВМРО-ДПМНЕ. Во тие моменти ниту прашањето на официјалната употреба на албанскиот јазик, ниту поделбата на министерските ресори, ниту Албанската платформа, не беа никаков проблем, се до моментот додека во преговорте не дојде на ред прашањето за правниот систем и СЈО – тоа беше неговата „ахилова пета“, неговиот страв дека правдата повторно ќе ја земе во „заложништво татковината“. Од таа позиција, морално компромитираниот Груевски, невешто затскриен зад национал-романтичарска реторика и т.н. граѓански движења почна да испраќа апокалиптични пораки за албански платформи за поделба на Македонија.

Неговата лична политичка хистерија не може да изроди било какви идеи кои ќе значат вистинска „заедничка Македонија“, туку напротив, само манифести исполнети со политички и етнички шовинизам, чија единствена функција е понатамошно замаглување на разликата помеѓу криминалот и корупција и она што значи да се раководи со мултиетничка Македонија на еден демократски и праведен начин.

НАШИ ПРИОРИТЕТИ

И трудот е капитал

Вработување

Енергетика

Земјоделство