Мора да се демонтира режимот, нема вадење со оставките

13 мај, 2015

Соопштение за медиумите и јавноста:

nsdp-logo1

Смената на министрите Јанкуловска и Јанакиевски, како и оставката на директорот на УБК Сашо Мијалков, претставува само своевиден „појас за спасување“ на Премиерот Груевски од потребата да ја поднесе целосната одговорност за поведението на криминалниот и авторитарен режим во изминативе 9 години. Оваа мини реконструкција на Владата не е доволно за вистинска демонтажа на делегитимираниот систем на владеење и враќање на довербата во институции, бидејќи оној од кого произлегуваа најголемиот број на криминогени одлуки останува во својата фотеља.

Само оставката на Никола Груевски може да се толкува како вистински исчекор во надминувањето на политичката криза и почнувањето на процес, преку политички дијалог, за консолидација на државата и враќање на легитимитетот на државните политики. Во спротивност, сите кадровски „освежувања“ можат да се толкуваат како своевидни тактички потези на промена на извршителите на наредбите за криминални активности, а не на наредбодавателот сместен во премиерската фотеља.

НАШИ ПРИОРИТЕТИ

И трудот е капитал

Вработување

Енергетика

Земјоделство