Мисовски: Здравјето на граѓаните е во сигурни раце

2 јули, 2020

Потпретседателот на НСДП и кандидат за пратеник во првата изборна единица, Горан Мисовски денеска на плоштадот Македонија во Скопје, како дел од предизборните активности, на промотивен штанд на коалцијата „Можеме“ се сретна со граѓани на главниот град и подели промотивен предизборен материјал.

„За само три години континуирано инвестирање во здравството успеавме да изградиме капацитети доволни за справување и со најголемите предизвици, како што е пандемијата со корна вирусот. Ги покачивме платите на здравствените работници за 40%, се реновираа и обновуваа болници,  граѓаните почнаа да добиваат поквалитетни услуги, нивното здравје го ставивме во сигурни раце“, рече Мисовски.

Мисовски истакна дека плоштадот е најдобрата илустрација за тоа кои се приоритетите на нашите политички противници.

„Наместо да трошеа буџетски пари за изградба на болници, набавка на современа опрема за здравствените институции, зголемување на платите на здравствените работници, ВМРО-ДПМНЕ даде приоритет на спомениците и стиропорните фасади. Наместо здравјето на граѓаните, избраа да ги полнат џебовите на фамилијата“, рече Мисовски.

НАШИ ПРИОРИТЕТИ

И трудот е капитал

Вработување

Енергетика

Земјоделство