23 март, 2014
Трета седница на Централен одбор на НСДП
НСДП на денешното заседание на Централниот одбор ги утврди пратениците кои ќе ги застапуваат интересите на партијата во коалицијата со СДСМ на престојните парламентарни избори.
Највисокиот орган на партијата денес како кандидати за пратеници од НСДП ги утврди поранешните пратеници Горан Мисовски и Соња Мирковска, а како освежување влегува Љупчо Јосифовски.
Според коалиционата распределба на местата, Мисовски ќе биде во третата изборна единица на 4-то место, Мираковска во втората изборна единица, на 3-то место, Љупчо Јосифовски во првата изборна единица на 4-то место.