Мисовски: Мицкоски беше пред Собранието кога организираа обид за убиство на пратениците, само за кеш и власт!

3 јули, 2020

Кандидатот за пратеник на коалицијата „Можеме“ за првата изборна единица, Горан Мисовски ги памети како пратеник ужасите од времето на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ, особено  врзани со Собранието. За жал вели, за време на владеењето на режимот на ВМРО-ДПМНЕ, се случија неколку настани кои не се случиле во посовремената европска историја. Потстетува на црниот понеделник на 24 декември кога тие како опозиција сакале  200 милиони евра од буџетот да не се злоупотребуваат за криминалниот и ступиден проект „Скопје 2014“. Тогаш режимот на ВМРО-ДПМНЕ пушти специјалци во Собранието и ги исфрли пратениците и новинарите.

„ВМРО-ДПМНЕ ќе биде запаметена во историјата дека нивни претседател на Собранието е единствениот претседател на Собрание во Европа кој по тужба на новинарите е осуден од Судот во Стразбур за кршење на човековите права“, вели Мисовски.

Потоа се случи оној немил настан, оној црн четврток, кога дел од раководството на ВМРО-ДПМНЕ организираше напад на Собранието и обид за убиство на пратениците од опозицијата.

„И за што тоа го правеа? Само за пари, само за кеш, да ги спасат украдените пари, да ја спасат власта и да се зацврстат на нелегален и нелегитимен начин на власт. Жалам што на тој 27 април, на тој црн четврток и господинот Христијан Мицкоски беше пред портите на Собранието“, вели Мисовски.

Во последните три години, укажува, новото парламентарно мнозинство покажа како треба да се менаџира со Собранието. Покажавме вели, дека знаеме и можеме подобро да работиме од режимот на ВМРО-ДПМНЕ.

„Носевме закони од интерес на граѓаните, носевме реформски закони кои се побрзо не приближуваат до вратите на Европската унија. Не случајно во напредокот за Република Северна Македонија, Собранието ја доби највисоката оценка, затоа што знаевме и затоа што можевме. Во периодот кој следи, после изборите, ова исто парламентарно мнозинство ќе ја формира и новата Влада и тие што ќе го формираат Собранието ќе покажеме дека можеме и подобро и можеме повеќе. Ќе продолжиме со истото темпо, со истиот ентузијазам  да носиме закони кои ќе бидат од интерес на граѓаните на Република Северна Македонија и секако реформски закони кои ќе не донесат пред вратата на Европската унија. Јас сум убеден дека ќе победиме на 15 јули не само заради тоа што знаеме, туку затоа што можеме и можеме уште многу подобро“, вели Горан Мисовски.

НАШИ ПРИОРИТЕТИ

И трудот е капитал

Вработување

Енергетика

Земјоделство