Мисовски: Иванов си направи харакири

7 јуни, 2016

Изјава за порталот Плусинфо.мк на потпретседателот на НСДП и пратеник во Собранието на РМ, Горан Мисовски:

misovski-500

Според него, единствена правна разрешница е автентично толкување на Законот за помилување.

Се срамам што имаме ваков претседател кој воедно е и универзитетски професор и доктор на науки, вели пратеникот Горан Мисовски од НСДП, кој е и член на собраниската комисија за импичмент на Иванов.

– Иванов практично си направи харакири. Човекот работи на копче, веројатно со нешто е уценет кога може така да се посипе со пепел. Двапати даде изјава дека нема да ја поблече аболицијата, па потоа се премисли. Класичен партиски послушник што работи во функција на Никола Груевски – вели Мисовски.

Повлекувањето на аболицијата, додава тој, не значи разрешница од правен аспект, бидејќи секој може да го оспори на Уставен суд законот што го предложи ДУИ, тој да падне и аболицијата повторно да се врати на сила.

– Преку автентичното толкување Собранието ќе констатира дека членот 11 не постои во Законот за помилување и Иванов немал правен основ да ги донесе одлуките за помилување – вели Мисовски.
Подготви: М.П.Ш.

НАШИ ПРИОРИТЕТИ

И трудот е капитал

Вработување

Енергетика

Земјоделство