Изјава за порталот brif.mk на потпретседателот на НСДП, Горан Мисовски:
Информациите пласирани во дел од медиумите дека јас сум предводник на група пратеници од опозицијата која ќе му свртела грб на Зоран Заев и дека ќе го прекинела бојкотот се “класична будалаштина“ на aвторите на ваквите измислици, вели за Бриф Горан Мисовски од НСДП.
-Цела НСДП цврсто стои зад ставот на лидерот на опозицијата Зоран Заев дека без преговори за сите пет точки кои ги има на масата на Груевски, ние пратениците од опозицискиот блок не се враќаме во парламентот. Ги прочитав небулозите за некакви тендери и хаос кој сум го предводел јас како незадоволник од работата на Заев, Жерновски… Верувајте, прво помислив да реагирам, но на новинар “измеќар“ каков што е дотичниот од порталот Прес 24 навистина нема резон да му реагирам. Вистината е една, раководството на НСДП и нејзините пратеници ја почитуваат одлуката за бојкот, а пишувањата за караници во опозицискиот табор се само дел од игрите што власта им ги диктира на нејзините новинари послушници да се обидат да направат раздор, но безуспешно- вели Мисовски.