МИЛКОВСКИ: „Пред аргументите и боговите молчат“, Антикорупциската комисија немаше опција за поинакво решение

28 март, 2014
Изјава на советникот од НСДП во Советот на општина Ранковце во врска со предлогот на ДКСК за разрешување на директорката на ООУ „Христијан Тодоровски -Карпош“
mikinsdp (1)
Конечно се надзира епилогот на една битка за правдина, битка за исправните и праведни вредности. Се надзира посакуван и праведен епилог на еден случај кој го одбележа едногодишното владеење на слободарските, храбри и одважни граѓани на општина Ранковце.
„Пред аргументите и боговите молчат“, Антикорупциската комисија немаше опција за поинакво решение, затоа бара разрешување на Директорката во ООУ „Христијан Тодоровски -Карпош“ и воедно заштитување на јавниот интерес.
Ова само е потврда дека борбата за интересите на граѓаните иако е макотрпна, мора да биде истрајна, со аргументи, со верба во правото и правдината. После ова нема што повеќе да се дискутира и прашува, туку треба да се понесе морална и секаков друг вид на одговорност.
Граѓаните на општина Ранковце сакаат со образовните институции да раководат лица со интегритет, со морал, со достоинство, за да можат со гордост да кажат каде ќе се образуваат и воспитуваат нивните дечиња. Низ нашето училиште поминале многу таленти, кои оставиле белег во општествениот живот во Македонија.
Ова е битка за вистинските вредности, ова е битка за поуспешна и подобра иднина на младите, за целокупен развој на нашиот крај.

НАШИ ПРИОРИТЕТИ

И трудот е капитал

Вработување

Енергетика

Земјоделство