Мицкоски бега од одговорност и ја блокира европската иднина на државата!

29 март, 2026
НСДП најостро ги осудува изјавите на Христијан Мицкоски, кои претставуваат уште еден обид за манипулација на јавноста и прикривање на сопствената неспособност.
Тврдењата за „предавнички политики“ на претходната влада се неточни и злонамерни. Токму тие политики ја отворија европската перспектива на државата и ја вратија на патот кон Европска Унија.
Денес, наместо одговорност и лидерство, граѓаните гледаат бегање од обврските и создавање алиби за стагнација.
Со вакви позиции, Мицкоски свесно ја закопува иднината на државата. Наместо да обезбеди напредок, тој нуди изолација, неизвесност и децениско чекање – сценарио кое директно им штети на граѓаните, економијата и меѓународниот углед на земјата.
Очигледно е дека приоритет на оваа власт не се граѓаните и европската перспектива, туку одржување на теснопартиските интереси, бизнис шеми и контрола врз тендерите.
Додека народот се соочува со растечки трошоци и неизвесност, Владата се занимава со реторика и оправдувања.
НСДП бара итно напуштање на оваа штетна политика и враќање на рационален, одговорен и проевропски курс.
Иднината на државата не смее да биде заложник на дневнополитички калкулации и лични интереси.
Граѓаните заслужуваат напредок, сигурност и јасна европска перспектива – нешто што оваа власт очигледно не е подготвена да го обезбеди.

НАШИ ПРИОРИТЕТИ

И трудот е капитал

Вработување

Енергетика

Земјоделство