Контра-митинзите и контра-камповите се изнудена „љубов“ кон Груевски

20 мај, 2015

Соопштение за медиумите и јавноста:

a2-400x260

Груевски вчера уште еднаш ги понижи граѓаните. Уцените, притисоците и заканите како метод на политичка мобилизација за да се изглуми поддршка, само ја потврдува политичката недозреаност и отсуството на политичка култура за тоа како на одговорен начин се раководи со една држава.

Обидите да се демонстрира политичка самоувереност и цврстина во моменти кога мнозинство на граѓани отворено и без страв почнаа да го оспорува владеењето на Груевски и фамилијата, само зборува за паранојата од неодложната потреба да си поднесе оставка човекот кој во очите на јавноста не е ништо повеќе отколку корумпиран и авторитарен политичар.

Пораките дека не се повлекува и најавата за исклучување на опозицијата од идните потези кои ги планира власта за надминување на политичката криза, претставува само понатамошно газење на волјата на мнозинството граѓани за демократска разврска на политичката криза.

Контра-митинзите, контра-камповите, се само изнудена „љубов“ кон државнички несозреан политичар кој е подготвен на погазување не само на демократските вредности, туку и на човечкото достоинство, се со едниствена цел и понатаму неодговорно да раководи со судбината на граѓаните на Македонија.

НАШИ ПРИОРИТЕТИ

И трудот е капитал

Вработување

Енергетика

Земјоделство