Интервју на Тито Петковски за бугарската ТВ Европа: Каков политички симбол е 11 Октомври за Северна Македонија?

22 октомври, 2020

Претседателот на НСДП, Тито Петковски во интервју во емисијата „Слободна зона“, кое се емитува на бугарската телевија ТВ Европа, вели дека  11 октомври е еден од најголемите и најсветите датуми од поновата македонска историја, на кој се навраќаме на почетокот на народноослободителната борба против фашистичкиот окупатор. Тој истакнува дека македонскиот народ на почетокот на Втората светска војна јасно застана на антифашистичка страна, а главниот мотив било создавањето на самостојна држава Македонија.


Осврнувајќи се на актуелните односи помеѓу Сверна Македонија и Бугарија, Петковски истакнува дека е потребна поинаква реторика од актуелната во односите помеѓу двете држави, преку која би се изразил заедничкиот стремеж да живееме во свет без граници и како дел од европската заедница.

Начинот на кој сега се понижува македонскиот народ и македонската држава од некои националшовинисти од Бугарија, чиј број е многу мал, не може да наложи поинаков пристап кон овој датум, бидејќи таа бројка  е многу симболична. Јас сум убеден, а и фактите говорат, дека бугарскиот народ секогаш е благонаклоно, пријателски и братски расположен кон македонскиот народ. Во исто време има изблици на националшовинизам, кои се маргинални во самата Бугарија, тие денес немаат намера да градиме заеднички пат кон Европа, да ги отвораме границите, да соработуваме на економски, културен, спортски план, туку да ги поделат Македонците и Бугарите“, вели Петковски.

Во однос на можноста Бугарија да ја блокира Северна Македонија на патот кон полноправно членство во ЕУ, Петковски оценува дека националното, државно достоинство има најголема вредност.

„Ако некој инсиститра да чепка во идентитетите, да укажува дека ние сме нешто различно од тоа што го чувствуваме, тогаш тоа претставува мешање во правото на самоопределување, ја повредува меѓународната повелба за човековите права и слободи, ги повредува основните принципи на кои почива ЕУ. Ако некој инстистира да се повлечат принципите на кои почива ЕУ, навистина треба да се размисли, и секој граѓанин во Северна Македонија, дали е достоинствено да се продолжи понатамошното понижување на Македонците и Македонија за да се дојде до ЕУ. Тоа не е став на граѓаните на Бугарија. Имавме можност да слушнеме низа на бугарски интелектуалци кои ја признаваат реалноста и укажуваат дека народите меѓу себе треба да соработуваат, а нивно прашање е како ќе се чувствуваат, припадници на една или друга етничка заедница. Тоа ќе правладее, ќе поминат овие моементи, ќе дојат избори, луѓето кои се екстремно националистички и националшовинистички расположени, ќе сфатат дека такво размислување не води кон ништо и само ги одвојува двата народи, никако не ги зближува“, рече Петковски.

НАШИ ПРИОРИТЕТИ

И трудот е капитал

Вработување

Енергетика

Земјоделство