Интервју на кандидатот за претседател на Република Македонија, Стево Пендаровски за порталот Локално.мк
Локално.мк: Со оглед на тоа дека сте дел од академската заедница, Вие сте д-р на науки и професор, можам да претпоставам дека многу читате тоа што морате. Но што е она другогото? Кој вид литература преферирате, кој автор?
Пендаровски: Повторно стручна литература, и тоа многу. Уште пред да почнам да го работам ова што денска го работам, најмногу се интересирав за глобалните текови, безбедноста и односите меѓу државите. Знаете како викаат, најдобро е кога ќе ги споиш работата и задоволството, а јас токму тоа го правам.
Локално.мк: Колумна?
Пендаровски: Колумнист J. Борис Дежуловиќ со задоволство го читам.
Локално.мк: Работата и секојдневието брзината на настаните носат огромен стрес. Имате ли некакво ваше прибежиште каде што се чувствувате сосема свој и безбеден?
Пендаровски: Иако можеби ќе звучи како клише, важно ми е со кого сум, а не каде сум. Кога сум во кругот на семејтвото, односно кога сум опкружен со сопругата и синот, се чувствувам најбезбеден, а дома сум најмногу свој.
Локално.мк: Парк , планина или улични шеми Македонија, Аминта , Круг , Дебар маало…
Пендаровски: По улични шеми не сум многу, планина може по некогаш, но парк ми е првиот избор. Има пространост и зеленило, доволно е тивко за да се опуштиш, а сепак си опкружен со луѓе.
Локално.мк: Кога би требало да се претставите себеси, кои карактерни особини би си ги припишале?
Пендаровски: Обичен човек. Сосема обичен човек.
Локално.мк: Сметате ли дека напредокот и технологијата ги променија луѓето? Како се живееше порано, а како сега? Го олеснија или го отуѓија животот?
Пендаровски: Напредокот во секоја сфера од општеството е неминовен, а технологијата игра улога на некаков олеснувач на тој процес. За жал технологитата го забрза процесот на оддалечување и отуѓување на луѓето. Како и да е, тоа е нешто што не може да се запре, па ни останува на нас, луѓето, да се прилагодиме на сето тоа.
Локално.мк: А верувате ли се уште во другарство? Имате ли пријатели на кои би можеле „да се потпрете“?
Пендаровски: Верувам во другарство и тоа баш во оној искрен и чист меѓусебен однос, кога можете се да си кажете, да се посоветувате и да си помогнете. За среќа, имам неколку такви другари со кои се познаваме уште од детството и со кои многу сме поминале заедно и повеќепати сме се “потпирале еден на друг”.
Локално.мк: А за одмор статичен под чадор, до солена вода или патување од град во град
Пендаровски: Дефинитивно од град во град. Сакам движење и сакам да откривам нови нешта.
Локално.мк: Што е тоа што Ве прави среќен?
Пендаровски: Едноставно- животот. И сите мали нешта што него го чинат.
Локално.мк: Кога би морале да изберете би избрале: Крушево Охрид , море или Скопје?
Пендаровски: Скопје.
Локално.мк: Анџелина Џоли или Мерлин Монро или..
Пендаровски: Кетрин Денев.
Локално.мк: U2 или Duran Duran?
Пендаровски: Duran Duran.
Локално.мк: Тоше или Архангел?
Пендаровски: И Тоше и Архангел.
Локално.мк: Барак Обама, Владимир Путин или ЕУ?
Пендаровски: Дефинитивно ЕУ.
Локално.мк: Мајонез или Ајвар?
Пендаровски: Ајвар, се разбира !
Локално.мк: Пица или скара?
Пендаровски: Пица.
Локално.мк: Пиво или Вино?
Пендаровски: Бело вино
Локално.мк: Цеца или Гоце Арнаудов?
Пендаровски: Никола Бадев, Кирил Манчевски, Александар Сариевски, Јонче Христовски.
Локално.мк: Интернет или библиотека?
Пендаровски: Интернет.
Локално.мк: Салвадор Да ли или Пикасо?
Пендаровски: Пикасо.
Локално.мк: Томас Хобс и Жан Боден или Џон Лок и Монтескје?
Пендаровски: Боден, Лок и Монтескје.
Локално.мк: И само еден избор?
Пендаровски: Во демократијата мора да има повеќе од само еден избор!