Груевски потврди дека е подготвен за радикално сценарио

3 март, 2015

Соопштение за медиумите и јавноста:

nsdp-logo1

Тезата дека во Македонија се подготвува меѓуетнички конфликт од страна на опозицијата, која премиерот Груевски вчера ја пласира на партискиот собир во Штип, зборува за радикланите сценарија на кој тој е подготвен за да се спаси себеси од политичката капитулација и нужната потреба од што поскоро негово заминување од политичката сцена. Говорот на Груевски не може поинаку да се разбере освен како реторичка увертира на еден авторитарен и корумпиран политичар во меѓуетнички конфликт, кој треба да ја покрие и релативизира политичката истрошеност и срушениот мит за чесноста на власта.

Криминалот, узурпираното судство, полициско-судските местенки на опозициски политичари, поткупените медиуми, уценетите бизнисмени, инструментализацијата на власта за задоволување на фамилијарните бизнис интереси, се проблемите кои премиерот се обидува да ги тргне од фокусот на јавноста со нејзино подготвување на меѓуетнички конфликт.

За НСДП е неприфатливо на длабоките политички проблеми со кои се соочува Македонија, под авторатарниот режим, да им се даваат етнички призвуци. Кримналот и корупцијата не се дел од ничиј етнички идентитет на било која заедница во Македонија, се покажа дека тоа се лични „квалитети“ на премиерот и обидите за нивна генерализација од негова страна можат Македонија да ја втурнат само во граѓанска војна.

НАШИ ПРИОРИТЕТИ

И трудот е капитал

Вработување

Енергетика

Земјоделство