Соопштение за медиумите и јавноста:
Соочен со неминовноста од кривична одговорност и можноста да заврши во затвор, очајниот Никола Груевски посегна по единственото средство што му стои на располагање и кое досега масовно го користеше. Наложувајќи му на Основниот суд да донесе незаконита одлука, со единствена цел, да оневозможи било каков процес против него и криминалната банда околу него, Груевски јасно и порача на македонската јавност дека по секоја цена ќе го спречи изборот и ќе оневозможи било каква активност на т.н. специјален обвинител, која за десетина дена треба да профункцинира.
Груевски чекаше опозицијата да влезе во Парламентот за повторно на македонската јавност да и испрати панична порака дека сите инструменти на моќта остануваат во негови раце, а диктатурата грчевито пордолжува да опстојува.
Судот дозволи, по којзнае кој пат, да се впушти во политички егзибиционизам на задоволување на интересите на една криминална група, а на штета на јавниот интерес. Тој покажа дека и понатаму подраги му се „бисерите“ отколку правдата. Одлуката ги потврдува констатациите во извештајот на Прибе, кој е базата на политичкиот договор од Пржино, а во кој судството и обвинетелството се нотирани како една од сферите со значајани недостатоци, и тоа врз основа на содржината на прислушуваните разговори , кои тој суд ги отфрли како докази за узурпацијата на системот од една криминална банда. Со вклучувувањето во директното минирање политичкиот договор судството покажува дека и понатаму нема кредибилитет за извршување на било каква функција поврзана со надминување на политичка криза. Судството се потврди како дел од атрофираниот политички систем, и повеќе од него нема што да се очекува, освен незаконски одлуки кои треба да ја формалзиираат „невиноста“ на своите наредбодавци.
НСДП се надева дека меѓународната заедница нема да дозволи уште еден еден политички договор да биде претворен во палома хартија.