Груевски и неговата влада се најголемите виновници и најсериозна закана за безбедноста и стабилноста на земјата

12 мај, 2015

Соопштение за медиумите и јавноста:

nsdp-logo1

НСДП изразува длабоко сочувство до семејствата на загинатите припадници на МВР.

И два дена по завршувањето на полициската акција во Куманово во јавноста останаа отворени низа прашања поврзани со официјалната верзија за „терористичкиот акт“ и за мотивите кои стојат зад него.

Низа на неодговорени прашања и контрадикторни официјални информации, искористени од пропагандната машина на власта за напад врз опозицијата, се појавија во моментот кога Груевски политички е притиснат до ѕид.

Поширокиот политички контекст на инцидентот во Куманово, моментот кога илјадници граѓани отворено на улуците низ градовите низ цела Македoнија почнаа отворено да баарат оставки од власта и да се подготвуваат за сенародниот протест на 17 мај, фрлаат поинаква светлина врз настанот.

Терористички напад врз Македонија или смислена акција на власта за политичко амортизирање на се посилните домашни и меѓународни притисоци за оставки? Дали не станува збор за монструозен политички обид, по цена на човечки жртви, да се спаси Груевски? Зошто Конгресот на ВМРО-ДПМНЕ го преместија за една недела порано и тоа повторно во Куманово? Ако безбедносните структури имале информации за движењето на оваа група, како што информира Претседателот Иванов, зарем не е безбедносно ризично за врвот на ВМРО-ДПМНЕ и врвот од Владата да одржува Конгрес на само еден километар одалечност од упориштето на оваа „терористичка група“, која сака да ја руши државата?  Согласно официјално соопштените мотиви и цели за дестабилизација на државата и напад на стратешки институции, контрадикторно е терористите да го „пропуштиле“ моментот на одржуавање на Конгресот на владеачката партија за реализација на нивните намери?

Ако станува збор за „добро организирана група“, зошто во МВР со нејзиниот заклучок „успешно завршена акција“ во која загинаа 8 полицајци и над 30 се повредени или заедно над 40 полицајци се исфрлени од безбедносните структури, остави сомнежи за тоа дека неискусни полицајци биле ангажиани во акцијата, а не добро истренирани антитерористички групи? Колку полицајци, според мерилата на Јанкуловска, требаа да загинат и да бидат ранети за акцијата да би била неуспеша? Дали позади формулацита „успешно изведена акција“ се означува „политички успешна акција“ која ќе треба да генерира дополнителен страв кај граѓаните и да го парализира се поголемото незадоволство од власта?

Претседателот Иванов информираше дека веќе четири месеци имале информации за движењето на оваа група, додека пак МВР ја поврза и со инцидентот во Гошинце и ракетирањето на владината зграда, НСДП бара на јавноста да и биде соопштено зошто овие информации не биле доволен мотив за претходно елиминирање на оваа група и нејзиното спречување да се стационира со огромно количество на оружје во густо населено градско подрачје?

Дополнителен сомнеж фрла и изјавата на Иванов на Генералното Собрание на ОН, минатата година, кога драматично соопшти дека во државата има џихадисти припадници на ИСИС кои имале намера од Македонија да прават Калифат, дали Иванов мислеше на истата група?

Во услови на отсуство на многу релевантни информации за настаните во Куманово, големиот број на човечки и материјални загуби на македонска страна, НСДП смета дека токму Груевски и неговата влада се најголемите виновници и најсериозна закана за безбедноста и стабилноста на земјата. Доколку и мисли добро на државата, Груевски веднаш треба да си поднесе оставка и да започне процес на консолидација на државните институции.

НАШИ ПРИОРИТЕТИ

И трудот е капитал

Вработување

Енергетика

Земјоделство