Граѓаните на општина Центар вчера го положија тестот на непосредната демократија

27 април, 2015

Соопштение за медиумите и јавноста:

nsdp-logo1

Граѓаните на општина Центар вчера го положија тестот на непосредната демократија, демонстрираа  созреана политичка култура и свест за тоа што значи рефендумско изјаснување во услови кога демократските капацитети на системот се руинирани до крајни граници.

Излезноста на околу 40 отсто од гласачите на Центар,  јасно говори дека барокот ја нема поддршка. Тоа што еден градежен објект како ГТЦ усепа да мобилзиира околу 17 илјади граѓани само зборува дека стравот се победува, а власта се соочува со поотворено незадовлство и спротивставување.

Ова порака е уште посилна ако се земат во предвид околностите во кои беше спроведен рефендумот. Непрочистениот избирачки список, игнорантскиот однос од јавниот сервис МРТВ како референдумот и да не постои, отворениот бојкот на ВМРО-ДПМНЕ кој доведе до притисоци на јавната админстрација да се бојкотира овој демократски инструмент, притисоци на кој подлегна и Претседателот на државата Ѓорге Иванов, создадоа политички контекст во кој референдумот  за еден градежен објект изразува политичката волја за пошироки општествено-политички промени во Македонија.

Ако владеачката партија, ВМРО-ДПМНЕ е убедена дека граѓаните ги поддржуваат во нивнитот проект Скопје 2014 и дека волјата на граѓаните е наклонета кон нив, добро би било да видиме иницијатива од нивна страна во општина Центар за референдумско изјаснување за целиот проект Скопје 2014.

НСДП смета дека повеќе од јасно е дека граѓаните не застануваат тука во спротивставувњето на режимот, вчерашниот референдум е само увертира за престојната политичка битка во која стравот и молкот повеќе не се избор за граѓаните.

НАШИ ПРИОРИТЕТИ

И трудот е капитал

Вработување

Енергетика

Земјоделство