Граѓаните да останат спокојни и да не подлегнуваат на манипулациите на Груевски

13 март, 2017

Соопштение за јавноста и медиумите:

nsdp-logo1

Како да не беа доволни штетите на државата што ги направи во изминативе 10 години на владеење, па Никола Груевски својот политички поход на пустошење го продолжува со вознемирување на граѓаните преку пласирање на лаги и искривени факти, се со цел да не овозможи мирен трансфер на власта и повторно легитимирање на институциите на системот врз основа на мнозинската волја од парламентарните избори.

Сеењето на страв преку мантрата дека коалицијата предводена од СДСМ и албанските политички партии ќе го нарушат унитарниот карактер на државата и ќе ги променат нејзините симболи, е ноторна лага.

Редифинирањето на државата имплицира отворање на институционални процеси кои подразбираат вклучување на сите политички субјекти, вклучително и на ВМРО-ДПМНЕ. Креирањето на атмосфера дека такво нешто може да се случи и наспроти нивната волја, е бескрупулозна манипулација со чувствата на граѓаните со цел една криминогена група да остане во политичкиот живот. Десет години стравот беше најголемиот сојузник на Груевски и фамилијата, и сега во нивниот политички зенит, повторно се обидуваат да го побудат и прошират кај граѓаните со некои фатилистички сценарија за поделба и редифинирање на Македонија.

Член 5 од Уставот на Република Македонија, каде се дефинирани симболите на државата, јасно и недвосмислено вели дека „грбот, знамето и химната на Република Македонија се утврдуваат со закон кој се донесува со двотретинско мнозинство гласови од вкупниот број пратеници“. Согласно ова, нивната промена не може да биде реализирана без согласнот на пратениците од ВМРО-ДПМНЕ.

НСДП им порачува на граѓаните да останат спокојни и да не подлегнуваат на мантрата за поделби и редефенирање на државата, бидејќи од 11 декември отпочна процесот на возобновување на правниот систем и рехабилатција на институциите. Токму овој процес е причината за немирот на Груевски и фамилијата, а не наводното загрозување на опстанокот на Македонија.

НАШИ ПРИОРИТЕТИ

И трудот е капитал

Вработување

Енергетика

Земјоделство