17 декември, 2015
Соопштение за јавноста и медиумите:
Никола Груевски пред македонската и светската јавноста континуирано се обидува да се прикаже себеси како безкомпромисен „чувар“ на името на државата, односно како политичар кој интересите на граѓаните на Република Македонија секогаш ги уважува пред желбата за гола моќ и власт, што особено станува очигледно за време и пред секој избори.
Но, британски „Гардијан“ уште еднаш го откри она што режимската пропаганда со години го премолчува – подготвеноста на Груевски да прифати компромисно решение на името во спорот со Грција, односно негова промена. НСДП ја потсетува македонската јавноста на позициите кои Груевски ги имаше за време на самитот на НАТО во Букурешт во 2008 година: