Експертскиот извештај на Прибе укажува на целосен распад на македонскиот систем

25 јуни, 2015

Соопштение за медиумите и јавноста:

nsdp-logo1

Експертскиот извештај на Прибе укажува на целосен распад на македонскиот систем и токму поради тоа несмеат да се сеат илузии дека можеме до бескрај да ја развлекуваме политичката криза. Во него таксативно се наброени проблемите во Македонија и точно е лоцирана одговорноста. Се инсистира на брза истрага на прислушувањата и процесуирање на кривичните пријави за објавените злоупотреби.

Наспроти тоа, Груевски настојува уште еден договор со ЕУ да го направи тоалетна хартија. Наместо да усвои Акционен план со јасно утврдена динамика на активности и изготвување  на законска регулатива неопходна за априлските избори до година, Груевски продолжува да купува време за да ја спаси сопствената кожа.

Промоцијата на наводен „План за нови реформи за европската интеграција“ на личниот фејсбук профил на премиерот, само зборува дека неговите намери за имплементирање на критичните точки од извештајот се декларативни и упатени кон неговите следбеници. Намерата станува уште појасна ако се знае дека во извештајот прецизно е наведено дека „транспарентноста треба да надвладее како неопходен метод за справување со кризни ситуации“, нешто што Груевски го погази. Сериозноста на политичка криза бара воспоставување на транспарентна комуникација со целата јавност, целосно и детално запознавање на граѓаните со сите активности кои се утврдени за надминување на постоечката состојба, а не политички преписки на социјалните мрежи со своите следбеници.

Уште еднаш, по кој знае кој пат, се потврдува дека за да започне процесот на имплементација на препораките од експертскиот извештај на Прибе, после се, како најголем приоритет се наметнува заминувањето на главниот виновник за катастрофалните состојби во Македонија, како и на неговиот тим кој сестрано му помагаше во процесот на разнебитување на државата. Тие мора веднаш да си заминат од своите функции. Пироманитe ниту сакаат, ниту можат да го изгаснат пожарот, а за изградба на нов објект по пожарот не може да стане ниту збор.

НАШИ ПРИОРИТЕТИ

И трудот е капитал

Вработување

Енергетика

Земјоделство