10 март, 2014
Соопштение за медиумите и јавноста:
Економскиот патриотизам на Груевски и неговата влада уште еднаш се потврдува дека постои само во скапите реклами на Владата и во бизнис интересите на фамилија.
Како вистиски се сака сопствената земја преку привлекување на странски инвестиции ни покажа нашиот северен сосед – Србија.
Пред некој ден српската јавност имаше можност да го видат првиот автобус направен во соработка на “Mercedes” и “Ikarbus”, со што Србија доби еден огромен производствен капаците на најсовремени автобуси. Нешто кое можеше да се случи во Македонија, но Груевски не дозволи.
Очигледно е дека Груевски поради само нему познати причини немаше интерес да овозоможи оваа инвестиција да се реализира во Македонија. Доколку со потписите на Грувески и Ставревски не се затврореше фабриката за автобуси ФАС „11 Октомври“, тогаш „Мерцедец“ ќе можеше да стане партнер на нашата фирма, да инвестира, да отвори работни места за нашите граѓани, и накрај наместо да се набавуваат автобуси од Кина ќе можевме сами да си ги произведуваме.
Во тој случај сомнителната милионска набавка на кинеските автобуси ќе немаше потреба да се случи и сомнежите за задоволување на нечии лични итереси во оваа зделка немаше да постојат.