Соопштение за медиумите и јавноста:
ВМРО-ДПМНЕ како ударен слоган на својата кампања им порачува на граѓаните да направеле разлика. И граѓаните да се паметни навистина треба да направат разлика затоа што ДПМНЕ е таа што прави разлики меѓу граѓаните по сите основи, а најмногу по нивниот џеб. Неконтролираното богатење на челниците на партијата и брзото осиромашување на обичните граѓани создаде високо ниво на социјални разлики. Тоа значи едни се многу богати, а другите многу сиромашни.
Oваа разлика најевидента е преку споредбата на платите, а ако 2008 година таа разлика меѓу највисоката бруто плата и просечната македонска плата изнесувала 48 просечни плати, во 2011 година таа е 185 просечни плати.
Сликовито кажано еден работник кој зема просечна плата од 21.000 денари треба да работи повеќе од 20 години за да ја заработи месечната плата на најдобро платениот граѓанин во Македонија. Ако сте со минималец „кој така гордо го избоксува Груевски“ ќе треба да работите 52 години за една месечна плата на богатиот. За таква разлика ли апелира Груевски во оваа кампања. Од друга страна пак Македонија е прва во конкуренција од 146 земји со најмало даночно зафаќање од богатите. Со тоа се потврдува тезата дека богатите се богати на сметка на сиромашните. Оваа Влада зема од сиромашните и им дава на богатите за да бидат уште побогати. А сиромашните сега се веќе една третина од населението во Македонија или секој трет Македонец е на работ на егзистенција. Нивната нескротлива потреба од трошење пари се огледа и од постојаното одржување избори кое годинава ќе ги чини граѓаните повеќе од осум ипол милиони евра. Штета е ако македонските граѓани не ја гледаат разликата на која укажува Груевски, па затоа апелираме граѓани навистина да направат разлика.