Дали државниот јавен обвинител Савески веќе отворено ја спроведува агендата на премиерот Мицковски? Дали зад декларативното повикување на Уставот и законите, во пракса се спроведува „чистка“ во обвинителството?

Распоредувањето на „гласните“ обвинители, неможноста за унапредување на професионалците и одземањето на предмети кои ги воделе, а се предмети против власта и предлагањето на обвинители од „тефтерчето“ во првата можност, се директен показател за послушноста.
Одземањето на предметите „Талир 1“ и „Талир 2“ е директен удар врз борбата против високата корупција. Ова не е случајност, туку јасна стратегија за одолговлекување на постапките до нивно застарување, со што би се заштитиле политички моќници и би се прикрило сомнителното финансирање на ВМРО-ДПМНЕ, најбогатата партија во Европа со имот околу 60 милиони евра.
Оставката на Ленче Ристоска е силен аларм дека притисоците врз обвинителството се реални, директни и политички мотивирани. Неактивноста на Совет на јавни обвинители за заштита од директните напади кон обвинителите од страна на премиерот Мицкоски дополнително потврдува дека институциите се ставаат во функција на власта.
Ова не е реформа во јавното обвинителство. Ова личи на операција за спас од одговорност на тие кои го избраа државниот обвинител.
По две години власт на ВМРО-ДПМНЕ, резултатите се поразителни: нема гордост, нема никаков напредок, нема инвестиции, нема исполнети ветувања, нема пари назад кон граѓаните, нема придвижување кон Европска Унија. Наместо европски стандарди, имаме случаи за злоупотреба на европските фондови и блокирани средства од ИПАРД, заради висока корупција во редовите на власта.
Во отсуство на резултати, пропагандата на власта е пуштена на најјако, ловот на „вештерки“, нискиот политички речник и замајувањето на јавноста се во полн ек, додека граѓаните живеат сè потешко – цените растат, стандардот паѓа, а џебот е сè попразен.
Ова не е власт во служба на граѓаните. Ова е власт на олигархијата!





