ЧЕТВРТИОТ РЕДОВЕН КОНГРЕС НА НСДП ЗАКАЖАН НА 13 МАЈ 2018 ГОДИНА

24 февруари, 2018

НСДП денеска во Скопје одржа седница на Централниот одбор на која беше донесена одлука четвртиот редовен Конгрес на партијата да се одржи на 13 мај годинава во Скопје.

nsdp-logo1

Во насока на спроведување на потребните организациски подготвки на Конгресот, на седницата беше формирано работно тело задолжено за спроведување на сите потребни подготвителни активности за неговото одржување.

Централниот одбор донесе одлука за утврдување на бројот на делегати кои ќе учествуваат на овој редовен Конгрес на партијата и нивниот број изнесува 500.

Дополнително, се утврдија постапките и критериумите за избор на делегати, се усвои правилник за регулирање на постапката, начинот и критериумите за кандидирање за Претседател на партијата, членови на Централниот одбор и Надзорниот одбор, кои ќе треба да бидат избрани на Конгресот.

НАШИ ПРИОРИТЕТИ

И трудот е капитал

Вработување

Енергетика

Земјоделство