Честит 8 Септември – Денот на независноста!

8 септември, 2026
Денес го одбележуваме денот кога се круниса вековниот стремеж на македонскиот народ и на сите граѓани што живеат во нашата татковина – за своја самостојна, независна и суверена држава.
Овој историски датум е симбол на слободата, државноста и на заедничката одговорност да ја градиме Република Северна Македонија како демократска, праведна и просперитетна држава за сите нејзини граѓани.
Со длабока почит им оддаваме признание на сите македонски дејци, преродбеници, борци, знајни и незнајни херои и јунаци, како и на сите граѓани кои придонесоа за слободата, независноста и државноста на нашата татковина.
Нека нè обединува љубовта кон Македонија и стремежот за достоинствен живот, еднаквост, солидарност и подобра иднина за сите.
Нека е вечна и вековита нашата татковина – Република Северна Македонија!

НАШИ ПРИОРИТЕТИ

И трудот е капитал

Вработување

Енергетика

Земјоделство