Насилството врз Сара е црвен аларм за општеството! Правдата мора да биде еднаква за сите!

17 ноември, 2026
НСДП најостро го осудува бруталното насилство врз младата Сара Ѓорѓиевска од Охрид. Нападот врз една млада жена, нејзиното противправно затворање, физичкото малтретирање и нанесувањето тешки телесни повреди се чин на сурово насилство кој бара најсериозна институционална реакција и целосна одговорност.
НСДП го поздравува последното постапување на Основното јавно обвинителство Охрид, поднесувањето обвинение за три кривични дела – телесна повреда, противправно лишување од слобода и загрозување на сигурноста, како и доставениот предлог за определување притвор. Очекуваме Основниот суд во Охрид да донесе одлука врз основа на законските критериуми и сите утврдени околности на случајот.
Но, оправданата вознемиреност во јавноста не може да се игнорира. Првичната одлука за определување мерки на претпазливост, наместо притвор, отвори сериозни прашања за постапувањето на институциите и за еднаквата примена на законот. Затоа е неопходно целиот случај да биде расветлен до крај, транспарентно и без какви било влијанија.
НСДП бара целосна институционална одговорност, гаранции за безбедноста на Сара и нејзиното семејство, како и неселективна примена на законот. Ниту семејните, ниту политичките, ниту какви било други врски смеат да бидат основа за привилегиран третман пред институциите.
Насилството врз жените не е приватна работа, не е обична расправија и не смее да биде третирано како уште еден случај што ќе предизвика неколкудневен револт, а потоа ќе биде заборавен. Тоа е сериозен општествен проблем, а државата има обврска да ги штити жртвите, да превенира насилство и да обезбеди ефикасно спроведување на правдата.
Сара не смее да остане сама во борбата за правда. Нејзината безбедност, достоинство и право на живот без страв мора да бидат приоритет.
Насилството не смее да има оправдување, а насилниците не смеат да имаат привилегии. Правдата мора да биде еднаква за сите

НАШИ ПРИОРИТЕТИ

И трудот е капитал

Вработување

Енергетика

Земјоделство