Европската комисија предупредува дека правосудството е под партиски притисок, а обвинувањата за финансирање омраза мора да добијат одговор!

9 ноември, 2026
Извештајот на Европската комисија е сериозно предупредување за назадувањето на Македонија во владеењето на правото, борбата против корупцијата и функционирањето на институциите.
Наместо реформи, имаме притисоци и партизација на судството и обвинителството, наместо одговорност – заштита на сомнителни бизнис-интереси, а наместо европска перспектива – изолација и политички конфликти.
Секој ден на власта ѝ се редат нови скандали, а сè повеќе се отвораат прашања за сомнителни финансиски текови, тендери и влијанија врз институциите.
Јавните обвинувања на Ива Михаилова дека обвинител ѝ барал пари, но и дека Мицкоски финансира ширење омраза кон Бугарија и Бугарите треба да бидат истражени.
Иронично, жената која им избега од државата, сега изнесува обвинувања на кои власта и обвинителството мора да дадат одговор.
НСДП бара итна и независна истрага:
Дали и кој финансира вакви активности, од каде доаѓаат парите и преку кои канали се движат?
Дали зад нив стојат матни пари и сомнителни финансиски текови поврзани со Алта банка?
Дали постои поврзаност со мрежи за перење пари и сомнителни бизнис-релации?
Кога власта нема резултати и реформи најлесно ѝ е да создава непријатели и да ја држи државата во изолација.
На Македонија ѝ треба правда, а не омраза. Европска иднина, а не криминални и политички интереси!

НАШИ ПРИОРИТЕТИ

И трудот е капитал

Вработување

Енергетика

Земјоделство